Одбојкарите се адаптираа на „Стожице“ и чекаат на историскиот меч на ЕП

Одбојкарската репрзентација на Македонија го одржа официјалниот тренинг пред првиот настап во историјата на Европските првенства (ЕП).

Нашиот национален тим преку квалификациите дојде до пласман на континенталниот собир, а прв ривал ќе биде селекцијата на Финска. Досега, со оваа репрезентација немаме ниту еден официјален натпревар, но тоа не ги заплашува избраниците на Матијашевиќ кои беа на готовс на денешниот тренинг.

Со голем мотив се влегува на ова ЕП, да се остварат што е можно подобри резултати и со голема желба да се направи ново европско чудо, затоа што чудо само по себе беше историскиот пласман на еврособирот.

Натпреварот меѓу Македонија и Финска се игра утре попладне од 17:30 часот, во Љубљана. Се очекува голема поддршка од публиката, на деби-настапот на европските првенства.