Одбојкарите против „коцкестите“ на Ф4-турнирот во Сребрената европска лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија со победа над Кипар ја затвори групната фаза во Сребрената европска лига, па веќе е познато и кој со кого ќе се соочи на Ф4-турнирот кој ќе се игра во Струмица.

Македонија заврши како лидер во групата и во полуфиналето ќе игра против селекцијата на Хрватска, која како втора заврши во групата Б. Второто полуфинале ќе го формираат второпласираната Данска од групата А и лидерот Унгарија во групата Б.

Полуфиналето меѓу Македонија и Хрватска се игра на 5 јуни.