Одбојкарите посилни за Љафтов, подготовките продолжуваат во полн ек

Македонската одбојкарска репрезентација активно работи на формата пред стартот на квалификациите за Европското првенство (ЕП), а селекторот Никола Матијашевиќ полека почнува да го комплетира тимот.

Стартот на подготовките беше на „домашен погон“, односно тука беа одбојкари само од домашниот шампионат, а тимот на располагање доби еден од интернационалците. Дел од селекцијата на Македонија е Александар Љафтов.

За време на подготовките ќе се одиграат четири тест-мечеви со Бугарија. Првите тестови се следната недела, на 29 и 30 декември.

Двата квалификациски турнири за ЕП ќе се играат во Скопје, а ривали се БиХ и Турција. За да се дојде до ново Европско првенство, потребно ни е прво место во групата или, пак, да бидеме меѓу петте најдобри второпласирани репрезентации во седумте групи.