ВИДЕО: Одбојкарите на Шкендија играат мечеви во – фудбалска атмосфера!

Одбојкарскиот клуб Шкендија од Тетово се наметнува како еден од тимовите кои целат кон највисок пласман, а натпреварите на домашен терен ги играат во пеколна атмосфера.

Во последниот дуел, Шкендија славеше над Универзитет Тетово со 3-2 во сетови (22-25, 25-20, 25-12, 22-25, 15-13), а салата еруптираше по последниот поен за победа. На трибините беа присутни приврзаниците на клубот, популарните „Балисти“.

  • Атмосферата во Тетово на одбојкарското дерби:

Шкендија на овој натпревар беше водена од тренерот Дурим Лума, а тимот досега има четири победи и еден пораз од освојувачот на двојната круна, Струмица.