Одбојкарите на половина пат од втората фаза, Струмица осамена на врвот

Одбојкарите ја завршија првата половина од натпреварите во втората фаза, а во петтото коло немаше изненадувачки резултати. Шампионот Струмица Никоб се радуваше кај Весна Пробиштип и ја задржа предноста од една победа во однос на Шкендија која го доби градското дерби против Лирија. Трет е ГОК Борец со еден триумф заостанување во споредба со ефектот на второпласираниот, а без разлика на поразот во Велес, Работнички 47&22 се наоѓа во зоната за полуфинале за којашто конкурира и Лирија. 

Штип УГД и Универзитет во Тетово се најдобри во Втората фаза-2 со половичен сезонски биланс 7-7. Во оваа првенствена рунда штипјани беа успешни кај Македонија Џио, а тетовци на гостувањето против Сушево.

Прва лига (мажи)
Втора фаза-1, (5.коло)

Весна Пробиштип - Струмица Никоб 0-3 (12-25, 18-25, 17-25)
ГОК Борец – Работнички 44&72 3-0 (25-20, 25-12, 25-18)
Лирија – Шкендија 0-3 (12-25, 9-25, 25-27)