Одбојкарите ќе играат четири празнични „тест-меча“ со Бугарија

Одбојкарската репрезентација на Македонија крои план за подготовки пред стартот на квалификациите за Европското првенство и веќе договори четири пријателски средби.

Сите четири ќе бидат со ист противник, тоа е нашиот сосед Бугарија. Првите две пријателски пресметки ќе се играат на 29 и 30 декември во Скопје, а потоа, ќе следат два натпревари во Софија кои се закажани на 6 и 7 јануари.

Двата турнири од обојкарските квалификации за ЕП ќе се играат во Скопје. Термините за натпреварите во салата „Борис Трајковски“ дополнително ќе се утврдат, а предвидени се од 10 до 17 јануари.

Првиот собир на одбојкарската селекција се очекува да биде во последната недела од декември.