Одбојкарите и одбојкарките до 17 години ќе играат на Балканијадите

Одбојкарските репрезентации на Македонија до 17 години ги закажаа своите активности и ќе бидат дел од Балканијадите кои ќе се одржат ова лето.

Девојките до 17 години ќе играат на Балканијадата во Србија. Ќе бидат во групата Б заедно со Турција и Црна Гора. Во групата А ќе играат Бугарија, Србија, Романија и Молдавија. Настанот ќе се одржи од 1 до 5 јули.

Момците до 17 години патуваат во Албанија. Ќе играат во групата А заедно со Албанија, Турција и Србија. Во групата Б се наоѓаат селекциите на Бугарија, Романија и Црна Гора.