Одбојкарите го подобрија ранкингот на најновата листа на ЦЕВ

Одбојкарската репрезентација на Македонија по историскиот пласман во осминафиналето на Европското првенство и шеснаесеттото место има напредок на најновата ранг листа на ЦЕВ.

„Спартанците“ скокнаа на дваесеттото место со вкупно 105 поени на своето конто, исто колку што има и селекцијата на Летонија. Ваквиот пласман ќе ни донесе и поволности во квалификациите за следното Европско првенство.

Македонија, која беше еден од домаќините на ЕП 2023, го заврши шампионатот со победи над Данска и Црна Гора, а загуби од Полска, Холандија, Чешка, а потоа во нокаут-фазата силната Италија. 

Женската одбојкарска селекција, пак, која се реактивира и започна со меѓународни натпревари на најновата листа на ЦЕВ е на 33. позиција.