Одбојкарите ги чека „маратон“: Јануарски пресметки и битка за ЕП 2021

Одбојкарската репрезентација на Македонија го доби распоредот на натпревари во квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра во 2021 година. Поради ковид-19, ќе се играат два турнири, еден во Данска и еден во Македонија.

Циклусот ќе стартува во Данска, во дуел со домаќинот на 8 јануари. Ќе се игра и во наредните два дена со Турција и Босна и Херцеговина, а од 15 јануари селекциите се селат во Скопје, каде ќе се играат мечеви со БиХ (15 јануари), Данска (16 јануари) и Турција (17 јануари).

На ЕП 2021 ќе играат 24 селекции, а има уште единаесет слободни места.

  • Квалификации за ЕП 2021, група Ц – прв турнир Данска

8 јануари:
Босна и Херцеговина – Турција (16:00 часот)
Данска – Македонија (19:00 часот)

9 јануари:
Турција – Македонија (16:00 часот)
Босна и Херцеговина – Данска (19:00 часот)

10 јануари:
Македонија – Босна и Херцеговина (16:00 часот)
Турција – Данска (19:00 часот)

  • Квалификации за ЕП 2021, група Ц – втор турнир Македонија

15 јануари:
Данска – Турција (17:30 часот)
Македонија – Босна и Херцеговина (20:30 часот)

16 јануари:
Турција – Босна и Херцеговина (17:30 часот)
Македонија – Данска (20:30 часот)

17 јануари:
Босна и Херцеговина – Данска (17:30 часот)
Македонија – Турција (20:30 часот)