Одбојкарите доминантни против Австрија во првиот тест во Сент Полтен

Македонската одбојкарска репрезентација одигра квалитетен натпревар како подготовка за Европското првенство (ЕП), кое ќе се игра во Словенија и успеа да слави во првиот тест со Австрија.

Нашата најдобра селекција ги дефинира последните детали пред стартот, а во првиот пријателски меч во Сент Полтен, успеа да слави со сигурни 3-0 во сетови (25-23, 25-23, 25-23) над ривалот. Двете селекции ќе одиграат уште еден пријателски меч, како најава за континенталниот одбојкарски собир кој следи.

Македонија за првпат во историјата ќе игра на едно Европско првенство. Нашите најдобри одбојкари се најдоа во група заедно со Словенија, Русија, Финска, Турција и Белорусија, а првиот натпревар се игра на 12 септември против Финците.