Новиот одбојкарски шампионат стартува на 26 октомври, Лирија - Вардар е првото дерби

Девет екипи во машка конкуренција ќе играат во Првата сениорска лига во одбојка во сезоната 2019/20. Новитет во однос на лани е тоа што поранешниот првак Шкендија во последен момент ги надмина проблемите и ќе се врати во елитата.

Дуелот меѓу Лирија и Вардар е дрвото дерби во сезоната. „Црвено-црните“ се најзасилената екипа во мак-одбојката и сезонава ќе ја нападне и титулата.

Прво коло (26-28 октомври):
Лирија – Вардар
УГД Студент – Џио Струмица
Весна Пробиштип – Универзитет Тетово
Шкендија – Дибра волеј
Слободен: Борец

Титулата од минатата сезона ќе ја брани екипата на Џио Струмица.