Новиот Борец ги започна тест дуелите со победа во Пробиштип

Одбојкарите на Борец загубија со 2-1 во сетови во првиот пријателски натпревар во Пробиштип од домашната екипа Весна Пробиштип, во циклусот подготовки за новата одбојкарска сезона. Двете екипи се договорија да одиграат натпревар од три сета, на кој двајцата тренери тестираа повеќе тактички варијанти.

Првиот сет му припадна на тимот од Пробиштип, во вториот велешани го добија сетот, додека пак во третиот сет уште еднаш го добија домаќините. Овие натпревари се повеќе за воигрување на екипата, отколку да имаат резултатско значење. Сите играчи кои беа во ростерот на двата тима добија шанса да покажат што знаат.

Следен контролен натпревар на одбојкарите на Борец е против Шкендија во Тетово и ќе се одигра утре попладне од 17:30 часот.