„Новата“ Италија по седмо злато, Словенија во трет обид за прв трофеј

Вечерва, со почеток од 21:00 часот во салата „Сподек“ во Катовице ќе се одигра финалниот натпревар на Европското одбојкарско првенство. Во него, поразената од минатото финале Словенија ќе ја предизвика залетаната Италија. 

„Аѕурите“ со нова генарација направија кам-бек со стил во елитата, на ова првенство осум натпревари загубија само три сета и се силно мотивирани да го вратат европскиот трофеј во Италија по 2005 година. За нив ова ќе биде 11. финале на Европските првенства, во кои имаат шест трофеи и четири пати губеле. Италијанците лесно минуваа преку препреките, ги добиваа сите ривали на овој турнир и изгледаат како да не можат да загубат. 

Од друга страна, Словенија ќе има трет обид за прво злато на евро-шампионатите. Во групната фаза оваа селекција загуби од Чешка и од денешниот ривал Италија. „Аѕурите“ моќно со 3-0 го победија противникот и го потврдија првото место. Сепак, Словенија ја крена формата во нокаут рундите, а голем показател за тоа е елиминацијата на домаќинот Полска во полуфиналето.

Мечот за трофејот во Катовице ќе се одигра денес со почеток во 20:30 часот, додека претходно од 17:30 ќе играат Полска и Србија за третото место.