Новара е нов европски првак во одбојка за жени

Одбојкарките на Новара се нови европски прваци, откако на завршниот „фајнал-фор“ во Берлин, единствени извојуваа две победи и се искачија на врвот на континентот. Во италијанското финале Новара ја совлада екипата на Конељано со 3-1 во сетови (25-18, 25-17, 14-25, 25-22).

Финалниот меч траеше скоро два часа и со мали исклучоци во четвртиот сет, воопшто не беше драматичен. Одбојкарите на Новара целосно доминираа, а италијанската репрезентативка Паоло Егечу Егони со 7 поени беше убедливо најдобар поединец во завршниот натпревар.

  • Последниот поен на натпреварот: 

Мишел Барч-Хакли со 21 поен беше нејзина одлична поддршка. Кај поразената екипа на Конељано се истакнаа Лов со 12 и Хил со 10 поени. 

Турските екипи Вакинфбанк и Фенербахче од Истанбул ги освоија третото и четвртото место на Ф4 турнирот. 

  • Церемонијата на прогласување на победници: