Нова победа на Наковски волеј, вардарки гостуваат во Битола

Дсегашните резултати во одбојкарскиот шампионат на Македонија во женска конкуренција покажаа дека има стриктна поделба на квалитетот на екипите коишто конкурираат за позиции во Втората фаза-1. Работнички Скопје ќе ја пречека Струмица жени во пресметката на првиот и на четвртопласираниот тим во најквалитетната конкуренција, со забелешка дека скопскиот тим има максимални седум победи, а ланските полуфиналистки ќе се обидат да изненадат и да ја заработат петтата.

Шампионките од Јанта волеј Кисела вода ќе гостуваат кај Фит фан волеј со желба да го остварат шестиот успех и да останат чекор зад Наковски волеј, кој вчера ја заврши работата во осмото коло со триумф над Универзитет во Тетово во четири сета. Наковски сега има биланс 7-1 и го презеде првото место поради бод повеќе од Работнички Скопје кој има натпревар помалку.

Во втората половина од табелата Пелистер волеј ќе го пречека вицепрвакот Вардар настапувајќи од фаворитска улога затоа што досега забележа две, а скопската екипа ниту една победа.

Прва лига (жени)
Осмо коло:

Работнички Скопје – Струмица жени                     (сабота, 20:00)            
Наковски волеј – Универзитет во Тетово               3-1 (25-21, 23-25, 25-14, 25-22)  
Фит фан волеј – Јанта волеј Кисела вода             (сабота, 14:30)
Пелистер волеј – Вардар жени                               (сабота, 15:00)