Нов пораз за одбојкарките, овој пат од Азербејџан

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија не успеа да дојде до бодови и во четвртиот натпревар во Европската лига во која игра без неколку првотимки.

Подобра од нашиот национален тим беше селекцијата на Азербејџан, која славеше во три сета, со резултат 25-13, 25-15, 25-18. Пред овој дуел, Македонија загуби и од Унгарија, Португалија и Шпанија.

Најдобри поентерки кај Македонија беа Ива Стојкоска и Андротеа Милевска со по седум постигнати поени, додека кај Азербејџанките, Јелизавета Рубан реализира вкупно 14 поени за триумф.

Следниот дуел за одбојкарките е против Хрватска, закажан на 19 јуни.