• Мартин Танасковски

Одбојкарските репрезентации на Франција и Германија одиграа нов неверојатен натпревар на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз. По победата на Италија над Јапонија во пет сета и пресврт, следеше исто сценарио и на овој натпревар - домаќинот славеше со 3-2 во сетови (18-25, 26-28, 25-20, 25-21, 15-13).
Германците тргнаа во натпреварот блескаво, Гросер и Клик блескаа и го добија првиот сет со 18-25, а потоа следеше втор освоен сет, но далеку потешко од првиот (26-28). Франција, водена од италијанската легенда Андреа Џани од клупата, не се откажа, возврати во третиот сет со 25-20, а потоа успеа да израмни и на 2-2 со резултат 25-21.
Во петтиот решавачки сет, Французите направија голем пресврт, дојдоа до +3, а потоа Клик заработи црвен картон, што во одбојката се казнува со поен за противникот. Иако Гросер не се предаваше и двапати поентираше, Нгатеп ја одржа предноста од 2-3 поени. Следеа две сервис грешки на бундес-тимот и од втората меч-топка, Франција се избори за полуфинале. „Галските петли“ славеа со 15-13 и така влегоа во борбата за медали.
Првата ѕвезда Нгапет блескаше кај Франција со 21 поен, пред Клевено со 20 поени, а Фауре реализира 11 поени. Кај Германците, Грозер имаше 22 поени, Бреме и Крик реализираа по 14, а Рајхерт постигна 13 поени.
Французите влегоа во борбата за медали каде се наоѓаат уште Полска и Италија, а последниот патник ќе го добиеме по дуелот меѓу Соединетите Американски Држави и Бразил (вечерва од 21:00 часот). Во полуфиналето за два дена Франција, која го брани златото од Токио, ќе се сретне со Италија на Де Џорџи.