Николов: Сите жртви се исплатеа, стануваме редовни учесници на ЕП

Одбојкарите на Македонија повторно се надминаа себеси и кога беше најпотребно не се уплашија од фаворизирата Турција и вторпат во својата историја ќе играат на еден континентален собир.

>>> МАКЕДОНИЈА Е НА ЕП: Турција на колена пред нашите „спартанци“!

Еден од најдобрите наши репрезентативци Ристо Николов видно задоволен и среќен на новиот голем успех истакна дека сите во селекцијата веруваа во овој успех.

„Ќе играме повторно Европско првенство. Сите жртви се исплатеа, сите најубави празници без семејството, овие тешки две години... Стануваме редовни учесници, многу сум среќен и многу ми е мило. Ние сме од деца заедно, се бодриме и покрај сите потешкотии. Знаеме дека ќе се кренеме како во Словенија во овие квалификации, се е во главата. Сега ќе славиме, чекаме да ги видиме семејствата, а за понатаму ќе видиме што ќе биде“, рече Николов.

>>> Ѓорѓиев: Кога бев мал навивавме за други... сега ја имаме нашата Македонија!

>>> Љафтов: Затворивме многу усти и покажавме дека заслужуваме ЕП

Во квалификациите во Скопје, Македонија запиша три победи, вечерашната над Турција и две над селекцијата на БиХ.