Никола Ѓорѓиев во „дрим-тимот“ на седмото коло во МЕВЗА лигата

Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓорѓиев продолжи да игра одлично во Словенија и бележи успеси во неговата екипа АЦХ Волеј Љубљана.

Капитенот на нашата репрезентација на секој натпревар е меѓу најдобрите во својот тим кога се говори за поените. Признанијата доаѓаат од коло во коло, а најновото кое го доби Ѓорѓиев го смести во дрим-тимот на седмото коло во МЕВЗА лигата.

Се работи за регионална лига каде играат клубови од повеќе земји, а тимот на Волеј Љубљана е перфектен и по седум кола има седум победи. Ѓорѓиев пристигна во Словенија од Турција каде го носеше дресот на Инегол.