• Горан Упале
Браќата Никола и Ѓорѓи Ѓоргиев и на клупски план ќе делат соблекувална, откако во вториот дел од сезоната ќе носат дрес на ист клуб.
Ѓорѓи од денес и официјално е нов член на турски Туршад, потврди клубот со својата интернет страница.
„Со задоволство го откриваме новото засилување. Искусниот техничар Ѓорѓи Ѓоргиев ќе биде нов член на Туршад. Македонскиот репрезентативец со своите квалитети прави разлика на теренот. ж
Нема сомнеж дека Ѓорги ќе даде дополнителна сила на Туршад“, пишува во објавата на клубот.
Ѓоргиев во турскиот тим се сели од редовите на Слепс Сувалки од Полска, каде го мина првиот дел од сезоната. Инаку, Туршад мака мачи сезонава во домашниот шампионат и на зимска пауза замина како претпоследен тим на табелата.