Никола Ѓорѓиев пак блесна, Фридрисхафен со тешка победа се враќа од Бухл

Најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓоргиев продолжува со победи и одлични партии во новиот клуб во германската Бундеслига. Екипата на Фридрихсхафен со полн плен се врати од гостувањето кај Бухл со 3-1 (39-37, 24-26, 17-25, 25-27) во сетови.

Ѓоргиев беше меѓу најдобрите на теренот и собра 26 поени. Дуелот траеше скоро два часа, домаќинот беше жилав и рамноправен во три од четирите сета.Никола Ѓорѓиев се покажува како големо засилување за Фридрисхафен и ќе се обиде да оствари нешто големо со својата нова екипа и во Лигата на шампионите.

Лидерот Фридрихсхафен и во следната коло гостува, овој пат кај тимот на Лунебург.