• Мартин Танасковски

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Никола Ѓорѓиев додаде нов трофеј во богатата одбојкарска кариера, со триумф во финалето од Купот на Словенија.
Неговата АЦХ Љубљана во финалето беше подобра од Калцит Камник со 3-2 во сетови (24-26, 25-22, 25-23, 22-25, 15-10), а Ѓорѓиев беше прогласен за МВП на финалето затоа што имаше извонреден настап.
Нашиот репрезентативец постигна вкупно 26 поени и беше убедливо најдобар играч кај победникот. АЦХ Љубљана така ја одбрани круната во словенечкиот Куп која ја освои лани.