Никола Ѓорѓиев го водеше Инегол до нов триумф во Турција

Македонскиот репрезентативец Никола Ѓорѓиев одигра нов одличен натпревар во Турција и му донесе победа на својот тим Инегол во рамки на елитниот одбојкарски шампионат.

Инегол како домаќин славеше над Архави со 3-0 во сетови (25-20, 25-23, 25-16), а Ѓорѓиев беше најдобар на теренот. Нашиот најдобар одбојкар успеа да реализира 15 поени (три аса, една блокада).

Тимот на Ѓорѓиев во турскиот шампионат се наоѓа на седмото место, а во следната рунда гостува кај Бурса.