• Мартин Танасковски

Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓорѓиев во нова земја освои нова титула. Во долгата интернационална кариера, ја „чекираше“ и Чешка.
Ѓоргиев и Карловарско во чешкото првенство го одиграа петтиот натпревар во финалната серија против Прага, а во него успеаја да слават со 3-0 во сетови (25-22, 25-15, 25-18).
Коректорот на овој натпревар немаше реализирани поени и минутажа, но имаше свој удел на претходните мечеви.