Никола Ѓорѓиев бира меѓу Турција, Чешка и Катар за својата иднина

Во родната Струмица, каде се одмора во кругот на семејството, најдобриот македонски одбојкар ја очекува својата следна понуда и наскоро ќе избере каде ќе ја продолжи професионалната кариера. Од 2013 година, кога беше сериозно повреден, коректорот немал вака долга пауза, па има доволно време добро да размисли и рационално да избере.

Никола Ѓорѓиев има понуди од Турција и Чешка, а доби повик и од Катар, опција која не смее да се исклучи, заради подемот на одбојката во оваа азиска земја. Екипите од турската Суперлига, во која веќе играше во минатото 31-годишниот струмичанецот, имаат најголеми шанси да го ангажираат.

Сезоната во Германија заврши, а Фридрисхафен финишира на третата позиција. Ѓорѓиев беше еден од најдобрите играчи, а имаше договор само една сезона.

Коректорот зад себе има петнаесет професионални сезони, со настапи во Германија, Полска Србија, Италија, Турција, Франција, Јапонија.