Никола Ѓоргиев по само два меча ја напушти Струмица и се сели во Турција!

Како гром од ведро небо одекна веста дека нашиот најдобар одбојкар Никола Ѓоргиев ќе го засили тимот на Струмица. Но, престојот на македонскиот капитен во Струмица траеше многу кратко, поточно само два натпревари.

Со завршувањето на нашиот шампион на меѓународна сцена, откако неочекувано беше елиминиран од Капошвар во ЦЕВ Купот, заврши и престојот на Ѓоргиев во Струмица.

Најдобриот македонски одбојкар веќе пронајде нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во турскиот суперлигаш Туршад.

Во својата богата кариерата Ѓоргиев досега го носеше дресот на ЏИО Струмица, Раднички Крагуевац, Волеј Форли, Париз Волеј, Тореј Ероуз, ОНИКО Варшава, Осака Блејзерс, Сакаи и Фридришафен.