• Зоран Мишевски

Француските одбојкари ја освоија Лигата на нации, откако во финалето на завршниот турнир во Болоња ја совладаа селекцијата на Соединетите Американски Држави со 3-2 во сетови (25-16, 25-19, 15-21, 21-25, 15-10).
Франција ја предводеше Ервин Н'Гапет со 22 поени, Жан Патри освои 17, а Тревор Клевено 11 поени. Во американската репрезентација најефикасен беше Арон Расел со 20 поени, Тори Дефалко додаде 13, а Герет Магутути беше автор на 11 поени.
Олимпискиот шампион Франција по третпат ја освои Лигата на нации. Претходно најдобар во ова натпреварување, кое се викаше Светска лига, беше во 2015 и 2017 година.
Во натпреварот за третото место Полска, водена од Никола Грбиќ, во три сета ја надигра домашната Италија.