Невиден хаос по грчкото одбојкарско дерби: Полицаец во критична состојба, има и 424 уапсени

Досега невидени сцени се случија по одбојкарско дерби во соседна Грција. Познато е ривалството на Олимпијакос и Панатинаикос, а навивачите на овие два клуба направија огромен хаос по одбојкарскиот натпревар. Ситуацијата се случила по натпреварот пред салата „Мелина Меркури“. 

Околу 150 навивачи на Панатинаикос по напуштањето на салата и преку 1.000 на Олимпијакос сакале да се судрат. Огромната бројка на полициски службеници спречи директен контакт и уште поголем хаос, ама затоа имаше судир на навивачите и полицајците. 

По судирот на навивачите со полициските сили, еден од полицајците е во критична состојба по удар со метална топка која завршила во неговиот бут на ногата. Полицаецот бил префрлен во болница, а пред да оди на операција имал срцев застој. За среќа докторите го реанимирале за да го оперираат, ама и натаму е во критична состојба. 

Што се однесува до навивачите, полицијата им одговори со солзавци и апсење. Дури 424 од хулиганите завршија зад решетки за хаосот. Хулиганизмот во Грција е речиси па редовна работа, особено кога се судираат големите тимови со огромни фан-бази.

Самиот натпревар беше напуштен и прекинат по првиот сет кој го доби Олимпијакос со 25-19, а во вториот Панатинаикос водеше со 10-18.