Не помогна ни 31 поен на Ѓорѓиев, Фридрисхафен првпат поразен сезонава

Најдобриот македонскиот одбојкар, Никола Ѓоргиев не престанува да ги одушевува Германците со својот квалитет и неспорна класа. Струмичанецот ја продолжи серијата квалитетни настапи во дресот на Фридрихсхафен.

Ѓоргиев во дресот на Фридрисхафен блескаше против Хершинг и со вкупно 31 поен го доби признанието МВП на натпреварот. Фридрихсхафен загуби во пет сета, 3-2 (25-18, 23-25, 25-22, 16-25, 8-15).

Ова за е прв пораз за македонскиот коректор, но Фридрисхафен останува лидер во Бундеслигата со скор од осум победи и еден пораз. Во следното коло Фридрисхафен го игра дербито со лидерот Волејс.