Наместо дерби, доминација на одбојкарите на Вардар против ГОК Борец

Одбојкарите на Вардар продолжуваат со одличните настапи во домашниот шампионат оваа сезона, откако попладнево ја запишаа својата осма победа, во досега десетте одиграни кола. 

Иако се очекуваше вистинско дерби и голема борба, затоа што „црвено-црните“ за противник го имаа Борец, тим кој исто така оваа сезона бележи позитивни резултати, сепак, домаќините без многу проблеми извојуваа убедлива победа од 3-0 во сетови. 

Вардарци, сите три сета ги освоија на идентичен начин. Борец одлично парираше на почетокот на секој сет, но како се ближеше крајот, губеше ритам и Вардар искусно го реши тоа со 25-19, 25-19 и 25-18.

Со оваа победа Вардар се искачи на лидерската позиција на табелата со 24 бода, три повеќе од Универзитет во Тетово и Џио Струмица, екипи кои се без пораз оваа сезона, а имаат три натпревари помалку од „црвено-белите“.