• Иван Димовски
Наковски Волеј рано го заврши настапот во ЦЕВ Челинџ купот, откако вторпат максимално загуби од чешка Острава (0-3), овојпат на домашен терен во салата „Парк“ во Струмица.
Избраничките на Александар Митев се обидоа да парираат, ама немаа сили за изненадување против фаворитот во првото европско коло. Острава ги доби трите сета со 15-25, 21-25 и 15-25, за сигурен пласман во втората рунда.
На овој натпревар за Наковски Волеј со по седум поени се истакнаа Лиља Ковачевиќ, Сара Марковиќ, Ивана Милева и Ива Стојкоска.
Освен Наковски Волеј европска елиминација доживеа и Работнички, но овој тим запиша победа над РАЕ од Естонија на реваншот.