• Горан Упале
Одбојкарките на Наковски Волеј се радуваа на шампионската титула во женска кадетска конкуренција, чии финален турнир викендов се одигра во СЦ „Форца“ во Скопје. Во финалето екипата на Александар Митев со 3-1 (25-21, 25-22, 22-25, 25-18) го совлада тимот на Пелистер Волеј.
Во дуелот за бронзениот медал, кој во оваа возрасна категорија се игра во два добиени сета, Газели Волеј со 2-1 го победи Младост УГД. Младост УГД го доби првиот сет со 25:18, додека Газели Волеј изедначи на 1-1 откако го доби вториот сет со 25:20, а во тај-брејкот домаќинот со убедливи 15:5 стигна до победата.
Претходно и во полуфиналното соочување со Наковски Волеј, Младост УГД загуби преку тај-брејк 2-1 (25-13, 23-25, 15-13), додека во првото полуфинале Пелистер Волеј по три сета ги совлада „газелите“.