Наковски волеј со полн плен се враќа од дербито на теренот на Јанта волеј

Одбојкарките на Наковски волеј со победа се враќаат од гостувањето во Скопје. Во рамките на првото првенствено коло тие славеа со 1-3 (25-23, 23-25, 21-25, 24-26) во сетови против Јанта Волеј и ја потврдија својата кандидатура за висок пласман и ова сезона.

Оваа победа ја потврдува одличната традиција на Наковски волеј, екипа која минатата сезона славеше на четири од петте меѓусебни пресметки со Јанта волеј. Функционираше приемот, а гостите добро одиграа и на мрежа заради што го принудија домашниот тим да се помири со поразот.

Немаше изненадувања на почетокот на 28-то одбојкарско првенство на Македонија. Дамите влегоа во трка за трофејот којшто го брани составот на Работнички Скопје и на стартот поуспешни беа домашните екипи. 

Прво коло:
Работнички Скопје – Универзитет во Тетово 3-0 (25-10, 25-18, 25-13)
Вардар жени – УГД Студент жени 3-0 (25-19, 25-22, 25-18)
Струмица жени – Виктори волеј 3-2 (19-25, 25-17, 25-9, 18-25, 15-12)
Пелистер волеј – Бами Кор 3-0 (25-11, 25-17, 25-18)
Македонија Макс – Ускана 3-1 (25-19, 25-16, 21-25, 25-10)
Јанта волеј – Наковски волеј 1-3 (25-23, 23-25, 21-25, 24-26)