Наковски волеј слави во градското дерби и веќе е лидер во одбојкарскиот шампионат

Одбојкарките на Наковски волеј ја забележаа втората победа во одбојкарското првенство на Македонија, откако синоќа во исполнетата сала при СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица убедливо славеа против градскиот ривал Струмица Жени со 3-0 (25-14, 25-13, 25-15). Девојките на Наковски волеј го надиграа новајлијата и со шест бода се искачија на врвот на табелата

Виктори волеј славеше во Кичево против Ускана со 1-3 (25-15, 23-25, 14-25, 22-25). Одбојкарките на Македонија Макс немаа сила да им парираат на фаворизираните одбојкарки на Работнички од Скопје, кои во салата ООУ „Видое Подгорец“ во Струмица славеа со 0-3 во сетови (23-25, 21-25, 18-25). 

По скоро двочасовна борба во Штип, УГД Студент го совлада Пелистер Волеј со 3-1 во сетови (25-22, 18-25, 25-14, 25-20)