Наковски волеј им се врати на победите, победа во пет сета и за Јанта волеј

Одбојкарките на Наковски Волеј експресно се вратија на победнички патеки и во дуелот од 16. коло против Работнички Скопје славеа со убедливи 3-0. Со досегашниот учинок и на само две кола до крајот на регуларниот дел од сезоната јасно е дека Наковски Волеј е безбеден на лидерската позиција во пресрет на плејоф разигрувањето.

Шампионот Јанта Волеј КБ во пет сета го победи Младост УГД во второто дерби од ова коло.

Прва лига (ж)
16. коло:

Јанта Волеј КВ – Младост УГД      3-2 (25-13, 25-18, 22-25, 14-25, 15-13)
Наковски Волеј – Работнички Скопје        3-0 (25-17, 25-22, 25-16)
Ускана – Струмица жени     1-3 (14-25, 26-24, 15-25, 13-25)
Пелистер Волеј – Фит Фан Волеј    3-0 (26-24, 25-15, 25-16)
Вардар ЕМ – Газели Волеј   1-3 (25-20, 21-25, 14-25, 19-25)