• Зоран Мишевски
Три екипи се издвоија на врвот на табелата во девет кола во женскиот одбојкарски шампионат. Скопскиот клуб Јанта волеј останува максимален, откако викендов суверено го надигра Младост УГД.
Домашните екипи целосно ги освоија бодовите, откако пред своите гледачи победи славеа и Струмица, Работнички и Наковски волеј.
Прва лига (ж)
Деветто коло:
Струмица – Ускана 3-0 (25-18, 25-18, 25-23)
Работнички – Фит фан волеј 3-0 (25-10, 25-10, 25-15)
Јанта волеј – Младост УГД 3-0 (25-19, 25-20, 25-14)
Наковски волеј – Вардар ЕМ 3-0 (25-19, 25-22, 25-18)
Јанта волеј е лидер со 26 бода пред Работнички и Наковски волеј, екипи кои собраа 23 бода.