Наковски волеј и Работнички Скопје запишаа нови првенствени победи

Наковски волеј го задржа водечкото место во нашата најквалитетна женска одбојкарска конкуренција откако ја забележа максималната осма победа сезонава, овој пат во градската пресметка со Македонија Макс на гости со 3-1. Бранителките на двојната круна, одбојкарките на Работнички Скопје, триумфираа над Виктори волеј пред своја публика со 3-0, па успеаја да се вратат на вистинскиот курс по загубениот натпревар од Струмица жени, а со тоа и да ја задржат втората позиција на табелата.

Идентичен ефект со нив има и тимот на Вардар жени, којшто во осмото коло од Првата лига ја искористи предноста на својата сала против Струмица жени, а на тој начин стигна до биланс 7-1, исто како Работнички Скопје, но шампионките се втори поради подобар сет-количник. Во завршните три натпревари од есенскиот дел вардарки ќе влезат од третата позиција со една победа предност пред дебитантот Струмица Жени.

Осмо коло:
Македонија Макс – Наковски волеј 1-3 (15-25, 16-25, 25-20, 24-26)
Работнички Скопје – Виктори волеј 3-0 (25-15, 25-14, 25-20)
Вардар жени – Струмица жени 3-1 (25-14, 25-16, 19-25, 25-14)
Пелистер волеј – Јанта волеј Форца 0-3 (26-28, 15-25, 27-29)
Универзитет во Тетово – Бами Кор 3-0 (25-9, 25-9, 25-14)
Ускана – УГД Студент жени 2-3 (25-18, 15-25, 25-22, 18-25, 12-15)

Единствена екипа со максимални осум победи е Наковски волеј од Струмица.