• Зоран Мишевски
Одбојкарките на Наковски волеј се радуваа со 3-1 (25-16, 25-13, 23-25, 25-19) против Работнички во третиот натпревар од финалето на плеј-офот во Првата женска одбојкарска лига и со тоа поведоа со 2-1 во серијата „подобар од пет“.
Струмичкиот состав имаше контрола над случувањата на теренот во најголем дел од натпреварот, дури имаше шанса и со максимален резултат да го добие натпреварот, со оглед на тоа дека водеше со 23-20 во третиот сет. Но, Работнички имаше одлична серија од 0-5 во завршницата на тој период од играта и се избори за пресврт од 23-25 и четврти сет.
Во последниот сет егал се играше до 10-10, за потоа одново Наковски волеј да ја превземе иницијативата и, предводена од Долдурова со 19 поени, Марковиќ со 15 и Ковачевиќ со 12, односно Милева со 11 поени, да дојде до победата. Во редовите на скопскиот состав Стојанова со 12 и Милевска со 11 поени беа најрасположени.
Четвртиот натпревар од финалната серија се игра в петок, од 18:00 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.