• Мартин Танасковски

Одбојкарките на Наковски Волеј ќе играат за титулата во женскиот Куп на Македонија. Во полуфиналето, тие го совладаа тимот на Вардар и се пласираа во големото финале каде ќе играат со бранителот на тронот Работнички.
Наковски волеј го доби натпреварот со вардарки во салата во Радовиш со 3-1 во сетови (25-16, 22-25, 25-10, -) и така дојде до место во мечот за трофеј. Одбојкарките на победникот беа одлични во третиот и четвртиот сет во кој одиграа најдоминантно на натпреварот и беа фуриозни.
Наковски Волеј во финалето ќе брка историја затоа што оди по прва титула во своето постоење. Натпреварот меѓу Работнички и Наковски Волеј се игра утре (сабота) од 16:00 часот.