Наковски Волеј го освои одбојкарскиот турнир во Битола

Вчера, со победа на екипата на Наковски Волеј, заврши деветото издание на одбојкарскиот турнир во организација на битолскиот прволигаш Пелистер Волеј.

Во пресрет на новата одбојкарска сезона кај дамите, во Битола се одигра квалитетен турнир на кој Наковски Волеј го грабна првото место, пред Јанта Волеј КВ која заврши како втора, а третото место им припадна на домашните одбојкарки од Пелистер Волеј.

  • Индивидуалните награди им припаднаа на:

- Најдобар техничар: Мила Стеваноска од Јанта Волеј
- Најдобро либеро: Сара Димитриоска исто така од Јанта Волеј
- Најдобар примач: Ана Иванович од Пелистер Волеј
- Најдобар среден блокер: Меланија Каралиоска од Пелистер Волеј
- Најдобар коректор: Ива Стојанова од Наковски Волеј
- МВП на турнирот: Лики Ковачевиќ од Наковски Волеј

Од битолскиот клуб му го заблагодарија на екипите кои се одзваа на поканата и им честитаа за фер и корекните натпревари.