Наковски: Дуелот со Грците е меч на нашите кариери!

Македонија доколку ја победи Грција скоро сигурно ќе патува на уште едно Европско првенство (ЕП) во одбојка. Како увертира за мечот во Скопје, селекторот Хари Наковски даде коментар и кажа дека овој натпревар е „меч на кариерите“ за сите.

„Ова е денот на најважниот меч на нашите кариери, почнувајќи од играчи, па се до тренери. По 45 дена подготовки и мечеви дојдовме до дуелот со Грција, екипата е составена со квалитетни играчи, имаат два добри примачи и нивниот најдобар играч коректорот Муклиас кој потпомогнат од средните блокери формира еден добар тим. Ние колку успеавме да се спремиме за оваа средба, ќе видиме на мечот, па се надевам дека нашата тактика ќе проработи и ќе имаме добар резултат“, изјави Наковски.

Натпреварот меѓу Македонија и Грција се игра од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“, а влезот за сите љубители на одбојката е слободен.