• Зоран Мишевски
Дали вечерашната победа против Данска во групниот сегмент на Европското првенство е најголемата во македонската одбојкарска историја? Можеби е рано за еуфорија, но во овој момент бодовите од дуелот со Скандинавците изгледаат како планина.
Радоста по двочасовниот спектакл во „Борис Трајковски“ е легитимна и еуфорична. На лицата на одбојкарите се гледа колку им значат победата, бодовите, извиците од трибините, националната гордост.
Опоменува селекторот да не влеземе во еуфорија, но барем вечерва треба да ги опеваме нашите спортски херои кои со гордост на пееја националната химна, изгинаа за секоја топка, славеа со навивачите.
Нека биде така и в сабота против Црна Гора.