ФОТО: Највисоката одбојкарка во светот – има 16 години и е „џин“ од над два метри

Светското првенство (СП) за девојки до 18 години кое се одржува во Египет ја даде највисоката одбојкарка во светот која е висока над два метри.

На светскиот собир во Каиро, на мерењата се покажа дека Салма Абделхади која ги брани боите на Египет е највисоката одбојкарка во светот.

Таа има само 16 години, но го краде вниманието со своите неверојатни 208 сантиметри. Салма е тешка 94 килограми, родена е во Каиро, игра во домашното првенство и е позиција среден блокер.

Египет на Мундијалот благодарение на највисоката одбојкарка одлично функционира во блокот, а таа има по најмалку пет блока на меч.