Најубавата одбојкарка се кае што позираше за „PlayBoy“: „Тоа беше искуство што...“

Многу девојки кои се здобиваат со слава со соблекување се каат подоцна во животот. Таков е случајот со познатата бразилска одбојкарка Маријана Коста.

Пред околу еден месец таа пристигна во ЧСМ Букурешт. Станува збор за одбојкарка која важи за една од најубавите спортиски во светот. Голем дел од нејзината слава дојде од позирањето за „PlayBoy“. Сепак, по повеќе од една деценија, таа призна дека се кае за тоа.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Mariana (@mariparaibaa)

Откако се појави во познат магазин, таа го доби прекарот „Муза на одбојката“. Многу добро го искористила тоа, но сега вели дека не би го повторила истото.

„Тоа е искуство за кое се каам. Не се гледам себеси како муза, туку како спортист. Затоа не сакам ни да зборувам за тоа, бидејќи тоа е нешто што останало во минатото", изјави Коста за романски медиуми.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Mariana (@mariparaibaa)

Коста  е родена на 30 јули 1986 година во Кампина Гранде (Параиба), а своето деби за бразилската репрезентација го имаше во 2015 година, на 27 години.