Најдобриот светски одбојкар се зарази со коронавирус

Коронавирусот се повеќе ги „напаѓа“ и спортистите, а последен од нив кој „настрада“ е најдобриот светски одбојкар.

Францускиот репрезентативец Ервин Н'гапет напиша соопштение на социјалната мрежа „Инстаграм“. Тој моментално се наоѓа во карантин, во болница во Казан.

„Дадов задолжителен тест за коронавирус пред една седмица. Најтешкото е зад мене. Имав три тешки дена, но се помина во најдобар ред. Си заминувам од болница за седум дена. А, сите вие, останете дома“, истакна Н'гапет.

Нгапет, кој има 29 години, го носи дресот на руски Зенит Казан.