• Мартин Танасковски

Екипата на Зенит нема да го казни најдобриот светски одбојкар Ервиг Нгапет затоа што мистериозно „исчезна“ пред две седмици.
Зенит во шампионатот славеше сигурно кај Уфа (3-0 во сетови), а францускиот одбојкар не беше присутен во ростерот и тоа не само таму, туку и во Русија.
Агентот на одбојкарот потврди дека тој си заминал на десетти декември без решение. Во тие моменти, Нгапет прекинал секаква комуникација со тренерите.
На официјалната интернет-страница на Зенит стои дека Нгапет решил да отсуствува поради семејни причини. Во тимот тој ќе се врати на 29 декември, на натпревар во Купот на Русија.