Најдобриот одбојкар во светот го чека жестока казна во Русија

Една од најголемите ѕвезди во одбојката, членот на руски Зенит, Ервиг Нгапет, го чека жестока казна затоа што своеволно го напуштил рускиот великан без да го информира никого.

Зенит во шампионатот славеше сигурно кај Уфа (3-0 во сетови), а францускиот одбојкар не беше присутен во ростерот и тоа не само таму туку и во Русија. Двајца репрезентативци на „зборнаја“ се најдоа во составот на рускиот тим, благодарение на отсуството на Нгапет.

Агентот на одбојкарот потврди дека тој си заминал на 10 декември без решение. Во тие моменти, Нгапет прекинал секаква комуникација со тренерите. Засега од редовите на Зенит не сакаат да говорат за можната причина.

Одбојкарот се очекува да се врати во клубот на 20 декември, а според руските медиуми, го чека жестока казна. Не е исклучена можноста најдобриот одбојкар во светот да добие раскин на договорот за неговиот недоличен потег.