• Мартин Танасковски
Најдобрата светска одбојкарка, Тијана Бошковиќ, се реши за промена и ќе игра во нов клуб.
Српската одбојкарка во последните десет години го носеше дресот на турскиот гигант Езачибаши, но сега може да дојде до промена на средината.
Според турски „Волејболунсеси“, Тијана постигнала договор со тимот на Вакифбанк, кој сака да формира „супер-тим“ за следната сезона. Засега не се познати деталите од договорот, освен дека во спротивна насока ќе тргне Магдалена Стисјак.
Тијана со Езачибаши освои три титули на Светското клупско првенство, три Суперкупа на Турција, два Купа на ЦЕВ и еден Куп на Турција.