• Мартин Танасковски
Најдобрата одбојкарка на првакот Работнички, Тамара Стојанова, почнува интернационална кариера и замина од клубот да игра на Блискиот Исток.
Девојката која има 27 години долги години го носеше дресот на Работнички, но заминува во Обединетите Арапски Емирати. Нов клуб на Стојанова ќе биде Ал-Шарјах кој е шампион на земјата и важи за најдобар клуб.
Работнички веќе ја испрати Стојанова од своите редови и таа е веќе на пат да го парафира договорот и да има официјална презентација во клубот.
Стојанова играше за Работнички од 2017 година, а претходно беше дел од Јанта Волеј.