Може ли некој да им застане на патот на струмичките одбојкарски екипи?

Од денес до недела во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип ќе се одигра завршницата од одбојкарскиот Куп на Македонија и во машка и женска конкуренција. Познати се полуфиналните двојки во двете конкуренции, а фаворит се екипите на Струмица 47&7 и Струмица жени.  

Судејќи по досегашниот учинок на струмичките екипи во лигашкиот дел од годинашнава сезона, можно е Струмица како одбојкарски град ова сезона да се закити со две титули од Купот. Но, така не мислат скопските екипи на Јанта волеј и Работнички Скопје, кои сонуваат изненадување и победа на турнирот. 

Полуфинале (мажи) – четврток, 21 март
17;00 Работнички 71&22 – Штип УГД
20:00 Лирија – Струмица 47&72

Полуфинале (жени) – петок, 22 март
17:00 Струмица жени – Работнички Скопје
20:00 Наковски волеј – Јанта волеј

Финале – недела, 24 март
12:00 Финале (жени)
15:00 Финале (мажи)